Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен ги сумираше впечатоците од шпанското ГП на кое тој убедливо победи.

- Да се ​​вози ваква машина е вистинско задоволство. Мислам дека повторно покажавме дека сме најдобри. Имавме многу различни стратегии, го поминавме поголемиот дел од трката на вистинската верзија на стратегијата. Како и да е, победата овде е нешто неверојатно. Зад нас е уште еден силен викенд и тоа е она што сакам да го видам од себе и од тимот. Се надевам дека ќе продолжиме во истиот дух цела година, изјави Верстапен.

Втор на трката заврши Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес), а на третото место се најде неговиот тимски колега Џорџ Расел.

Ред Бул се први во шампионатот за конструктори со 287 бодови. Второто место го зазема Мерцедес кој има 152 бода.

Следната трка од Ф1 шампионатот ќе се одржи во Канада од 16 до 18 јуни.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2023 10:30