Меѓународната атлетска федерација објави денеска дека почина легендарниот американски спринтер Џим Хајнс, првиот човек во историјата кој официјално истрча 100 метри под 10 секунди, и воедно олимписки првак од Мексико 1968.
Хајнс починал во саботата на 76-годишна возраст.
Американскиот спринтер на државното првенство 1968 во Сакраменто ја истрча патеката од 100 метри за 9.9 секунди, но резултатот не му беше признаен, бидејќи не беше мерен електронски.
Сепак, Хајнс со таа победа се квалификуваше за Олимписките игри 1968 каде дојде до златниот медал со време од 9.95 измерено електронски и со тоа стана првиот атлетичар во историјата кој претрча 100 метри под границата од 10 секунди.
Остварувањето на Хајнс беше светски рекорд во следната деценија и пол, кога Калвин Смит во 1983 година истрча 100 метри за 9.93 секунди