Полската тенисерка Ига Швјонтек и Беатриз Хадад Маја од Бразил ќе играат во полуфиналето на Отвореното првенство на Франција.

Ова е епилогот по двете денешни четвртфиналиња во кои Швјонтек ја победи Коко Гауф од САД со 6:4 и 6:2, додека Хадад Маја ја совлада Онс Жабер од Тунис со 3:6, 7:6(5) и 6:1.

Двојката за другото полуфинале е Мухова (Чешка) – Сабаленка (Белорусија).

Наградниот фонд на „Ролан Гарос“ изнесува 49,6 милиони евра



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2023 05:31