Последните испитувања на водата од Дојранското Езеро од Центарот за јавно здравје Велес, од почетокот на овој месец, покажаа дека е во одлична состојба и е безбедна за капење.

Ова го објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, прецизирајќи дека примероците за испитување на водата биле земени од Градската плажа, плажата кај хотелот “Полин” и плажата “Гранико”.

-Резултатите од испитувањата на езерската вода се идентични со минатата година, односно истите ја истакнуваат нејзината непроменета одлична состојба и покажуваат параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето, објави Ангов.

Инаку, во текот на летниот период од страна на Центарот за јавно здравје Велес, неколку пати се земаат примероци од езерската вода за тестирање



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2023 15:48