Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски ќе игра во полуфиналето на ИТФ фјучрсот во Скопје.

Ивановски денес требаше да игра со Мирза Башиќ од Босна и Херцеговина кој го предаде мечот поради повреда.

Македонецот утре во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Миљан Зекиќ (Србија) и Ерги Киркин (Турција).

Турнирот во Скопје се игра за награден фонд од 25.000 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2023 16:46