Кенијката Феит Кипјегон синоќа постави светскиот рекорд на 5.000 метри.

Новото најдобро време во светот на трка на 5.000 метри е поставено на Дијамантската лига во Париз и изнесува 14 минути 5 секунди и 20 стотинки.

Кипјегон го собори светскиот рекорд на Летесенбет Гидеј од Етиопија (14 минути 6 секунди и 62 стотинки), поставен на 7 октомври 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2023 03:58