Од „Ауди“ ги демантираат информациите дека му дале понуда на Матија Биното, која била одбиена.
Германскиот производител на автомобили се подготвува да влезе во Формула 1 како фабрички тим во 2026 година со купување на мнозински удел во Заубер.
Неколку британски изданија неодамна објавија дека поранешниот шеф на Ферари добил понуда од Ауди и остварил првични разговори во тимската база, но не била постигнат договор.
- Можеме да потврдиме дека Матија Биното никогаш не го посетил професионалниот тркачки центар Нојбург, каде што е седиштето на „Audi“, изјави портпаролот на компанијата.
Во исто време, Ауди не демантира дека никогаш не биле заинтересирани да го ангажираат Биното.