Организаторите на есенскиот тениски турнир во Пекинг одржаа прес-конференција на која зборуваа за наградниот фонд.
За Мастерс 1000 турнирот во женска конкуренција се обезбедени околу осум милиони долари, додека Мастерс 500 во машка конкуренција има награден фонд од околу 3,7 милиони.
Победничката во Пекинг ќе добие милион и пол долари - ова е рекордна наградна сума за сите АТП и ВТА турнири, исклучувајќи ги завршните и Грен слемовите.
Освојувачот на трофејот во машка конкуренција ќе добие 650 илјади.