Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, изјави дека не гледа итна потреба од зголемување на бројот на тимови во првенството.

- Дали би сакал да видам повеќе од 20 автомобили? Не јас не мислам така. Но, морам да нагласам дека ова е чисто мое лично мислење. Ако имате добро шоу и спектакуларни трки, 20 автомобили се повеќе од доволни. Дури и борбата меѓу два автомобили и двајца возачи привлекува големо внимание. Ако два тима почнат да се борат меѓу себе, што значи четири болиди, тогаш ова е веќе едноставно неверојатно. Сега замислете го ривалството на патеката помеѓу 10 екипи и 20 болиди, соодветно. Тоа би било навистина импресивно, изјави Доменикали.

Воедно, Доменикали истакна дека тоа е негово лично мислење и ќе му биде мило да види нови тимови во Формула 1.

Изјавата на Доменикали доаѓа по зачестените најави за влегување на нови тимови во Светскиот шампионат во Формула 1



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2023 04:11