Љубителите на растенијата секогаш бараат нов трик кој ќе им помогне да растат поздрави „зелени миленичиња“ внатре и на отворено. Следи трик што може многу лесно да се направи дома.

Стефани Стивенсон, автор на „Одгледување рози“ (Rose Gardening), објаснува дека бананите се богати со калиум, калциум, фосфор и магнезиум, па овој спој може доста делотворно да го поттикне растот на растението. Тоа, според неа, е природно ѓубриво и за внатрешни, и надворешни растенија.

Станува збор за одгледување растенија со помош на вода со отстоена кора од банана. Подготовката е прилично едноставна.

Водата од кора од банана, всушност се добива така што кората се кине на мали парчиња и се остава во вода неколку недели, во тегла или сад, а потоа течноста се истура врз растенијата. Кората треба да се иситни на помали парчиња за полесно да ги испушти хранливите материи како калиум и калциум, коишто ги има на внатрешната страна од самата кора.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2023 14:41