На местото на прочуениот забавен парк „Тошимаен“ кај Токио, којшто беше затворен 2020 година по 94 години, се отвора тематски парк „Хари Потер“. Студиото „Ворнер брос тур“ веќе ги пресоздаде култните филмски локации, како што се „Задната улица“ (Back Street) и „Министерството за магија“ (Ministry of Magic).
- Местото близу јапонската престолнина е идеално, особено имајќи предвид дека светскиот туризам се зголемува по Ковид-пандемијата, изјави Торбен Јенсен, потпретседател и генерален менаџер на „Ворнер брос“ за Токио.
Тој рече дека сега на азиските обожаватели „им се нуди нова димензија“ на „Хари Потер“ филмовите. Влезниците за возрасни чинат 42 евра, а Јенсен рече дека билетите до август се веќе распродадени.