Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од Украина со 0:3, по сетови 18:25, 24:26 и 23:25. Во вториот сет македонските одбојкари испушти предност од 20:14.

По шесте натпревари во Б-групата од Европската Златна лига, македонската репрезентација деби-учеството во ова натпреварување го завршува со две победи и четири порази.

Најефикасен на натпреварот беше Никола Ѓорѓиев со 15 поени освоени поени.

Шестото коло ќе биде комплетирано со вечерашниот натпревар Хрватска – Белгија.

Украинците со максимални 18 бодови го освоија првото место и изборија пласман во плејофот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2023 04:37