Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, вечерва победи на трката од Формула 1 шампионатот возена во Монтреал за Големата награда на Канада.

Двократниот шампион во Формула 1 ја освои шестата победа оваа сезона и 41-ва во кариерата. Верстапен се изедначи со трикратниот светски шампион, легендарниот Аиртон Сена.

Верстапен и Сена се на петтото место во историјата по број на победи во Ф-1. Повеќе од нив имаат: Луис Хамилтон (103 победи), Михаел Шумахер (91), Себастијан Фетел (53) и Ален Прост (51).

Ред Бул ја освои 100-та победа во Формула 1 и стана петтиот тим во историјата со сто триумфи.

По број на победи, Ред Бул е зад Ферари (242), Мекларен (183), Мерцедес (125) и Вилијамс (114)



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2023 04:39