Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски од денеска го има најдобриот ранг во кариерата и се наоѓа на 362. место во сингл на АТП листата.

Ивановски напредуваше 50 места со вкупно 131 поени или 24 повеќе во однос на претходната недела, што се должи на неодамнешниот триумф на фјучерсот во Скопје.

Втор македонски играч на ранг-листата е Обрад Марковски, кој е на 1154. место со седум поени, или има пад за две места.

Горазд Србљак е три позиции пониско од Марковски (1157), а има скок од 51 место и седум поени или еден повеќе во однос на претходната недела.

Берк Бугариќ се наоѓа на 1720. место со еден поен или пад од 14 позиции.

На најновото рангирање на ВТА листата, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа назадуваше 14 позиции и се наоѓа на 246 место со 295 поени



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2023 12:29