Поранешниот американски претседател Барак Обама, неговата сопруга Мишел и двете ќерки заедно со актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон вчера биле на вечера на грчкиот остров Сифнос, пишува грчкиот информативен портал „Ајефимерида“, објавувајќи фотографии, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите на порталот, семејството Обама во петокот пристигнало во Грција и престојува во вилата на Хенкс и Вилсон на островот Антипарос, а со јахта вчера заминале на Сифнос што е на оддалеченост од околу половина час.
Порталот коментира дека семејството Обама и брачната двојка Хенкс биле особено расположени и пријателски со останатите гости, одбрале мирен дел од ресторанот, а откако завршиле со вечерата се вратиле на Антипарос.
https://youtube.com/shorts/oVIaiRWaO08?feature=share
Фондацијата Обама во Атина одржува конференција на која ќе се обрати и поранешниот претседател на САД, а неколку дена пред говорот семејството Обама одлучило да одмори на островот Антипарос.
Пристигнале во петокот со приватен лет за Парос, од каде што, спореd „Ајефимерида“, под силно обезбедување, со бродот заминале за Антипарос во вилата на Хенкс и Вилсон.