Македонската женска тениска репрезентација ја забележа втората победа во рамки на Третата Европска зона во Били Џин Кинг Купот, откако попладнево во Скопје беше поуспешна од Азербејџан со максимални 3-0.

По вчерашната стартна победа против Албанија со идентичен резултат, триумфот против Азербејџан беше заверен по двата сингл натпревари во кои Александра Симева ја победи Улвија Сулејманова со 2-0 во сетови (6-1, 6-1), додека Магдалена Стоилковска беше убедлива против Лала Еивазова со 2-0 во сетови без загубен гем.

Печат на победата ставија младите македонски тенисерки Ива Данева и Ана Митевска со победата во двојки над Сулејманова/Еивазова со 6-0, 6-0 за 31 минута игра.

Утре во дуелот од третото коло македонските тенисерки ќе играат против првиот носител од Б групата, селекцијата на Финска.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2023 14:40