Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах, ги критикуваше украинските власти поради забраната на своите спортисти да учествуваат на олимписките квалификации на кои настапуваат и спортисти од Русија и Белорусија.

Украинските спортисти изминатите недели ги пропуштија светските или европските првенства во џудо, мечување и таeкводно на кои под неутрални обележја се појавија и руски и белоруски натпреварувачи.

МОK во мај предложи руските и белоруските спортисти да можат да се вратат на меѓународните натпреварувања под неутрален статус и под услов да немаат поврзаност со руските вооружени сили, а одлуката за нивен евентуален настап да ја носат раководните тела на меѓународните федерации.

„Тешко е да се разбере зошто украинската Влада им ја одзема шансата на своите спортисти да се квалификуваат (за Олимписките игри 2024) во Париз. Украинските спортисти ги казни сопствената влада“, рече претседателот на МОК, Бах.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2023 04:39