Македонската женска тениска репрезентација обезбеди пласман во финалето во Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот, откако попладнево во Скопје во завршното петто коло ја совлада Молдавија со 3-0 и со максимален ефект од пет победи заврши првопласирана во групата Б.
Почетна предност за македонската репрезентација обезбеди Магдалена Стоилковска, која со 2-0 во сетови (7-6, 7-5) ја совлада Даниела Чобану за два часа и четири минути игра.
Триумфот над Молдавките и пласманот во утрешното финале го донесе Лина Ѓорческа со победата над Екатерина Висневскаја со 2-0 во сетови (7-5, 6-3) за што и беа потребни еден и пол час игра.
Во завршниот натпревар во двојки, македонскиот дубл Ива Данева и Александра Симева беа поуспешни со 6-3,7-5 од Лиа Белибова и Арина Гамреткаја