Олимпискиот оган за Игрите 2024 во Париз ќе биде запален на 16 април идната година во древната Олимпија, објавија организаторите на најголемата спортска светска манифестација која од 26 јули до 11 август ќе се одржи во француската престолнина.

Олимпискиот оган до 27 април ќе остане на територијата на Грција, кога од Атина по морски пат ќе биде пренесен во францускиот пристаништен град Марсеј.

Штафетата со олимпискиот оган ќе продефилира низ улиците на Париз на 14 и 15 мај идната година.

Повикувајќи се на анонимни извори од Организацискиот одбор, светските агенции претходно јавија дека олимпискиот оган ќе биде запален на Ајфеловата кула, еден од најпрепознатливите симболи на Париз и Франција.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2023 04:44