Британскиот атлетичар Зарнел Хјуз викендов на митингот во Њујорк ја истрча патеката од 100 метри за 9.83 секунди, што е најдобро време оваа сезона и воедно нов рекорд на Велика Британија.

Со поволен ветер (1.3 м/секунда), Хјуз го подобри своето најдобро време (9.91 од 2018) и постави нов британски рекорд по пауза од 36 години кога Линфорд Кристи истрча 9.87 секунди на Светското првенство 1987 во Штутгарт.

Резултатот на Хјуз на митингот во Њујорк воедно е најдобро време на европски спринтер на 100 метри во историјата, по Италијанецот Марсел Џејкоб (9.80 на олимписките игри 2021 во Токио).



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2023 16:37