Марио Мицковски освои бронзен медал на Специјалните олимписки игри што се одржуваат во Берлин. Мицковски го освои третото место во 100 метри пливање слободен стил.

- Олимписка бронза за сто метри пливање слободен стил. Честитки за нашиот атлет Марио Мицковски и за тренерот Игор Димовски за постигнатиот успех. Преку спортот демонстрираме како со поддршка, пријателство и дружење заедно сме непобедливи, соопшти денеска Специјалната олимпијада на Северна Македонија на својата фејсбук страна.

Претходно, на Специјалната олимпијада, Агрон Хајредини освои златен медал во дисциплината „скок во далечина“, а во категоријата 100 метри грбно сребрен медал освои Стефан Трпковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2023 02:33