Машката одбојкарска репрезентација на Турција е победник во Европската златна лига 2023, откако во неделното финале во Задар ја совлада Украина со 3-2 во сетови (-14, 22, 24, -22, 15-6).
За турските одбојкари ова е трета титула во историјата и трета во последните четири изданија на ова натпреварување. Турците и лани беа финалисти на турнирот одржан во Вараждин, но тогаш беа поразени од Чешка.
Третото место го освои домаќинот на завршниот турнир Хрватска, која во натпреварот за бронзата ја совлада Чешка со 3-0.
За хрватските одбојкари ова е четврти медал (две сребра и две бронзи) во Европската златна лига.