Фиде мајсторот 19 годишниот Андреј Велјаноски е победник на третиот по ред меѓународен шаховски турнир во забрзан шах „Опен Рапид Визиони М“ што се одржа вчера на Попова Шапка во организација на шаховскиот клуб „Анпасан“ од Тетово.

-Андреј Велјаноски освои 8 бодови на турнирот кој се играше во девет кола по швајцарски систем, по правилата на ФИДЕ за забрзан шах, со темпо на играње 10 минути за секој играч плус бонус од 5 секунди за секој одигран потег, информираше Назмидин Имери од организацијата на турнирот.

Интернационалниот мајстор Тони Лазов кој беше пласиран на второто место исто така освои осум бодови. Третото место му припадна на фиде мајсторот Лоренц Рама од Албанија кој освои 7,5 поени. На турнирот учествуваа 152 шахисти од Македонија,Италија, Албанија, Србија, Грција и Косово



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2023 15:17