Третата светска тенисерка Елена Рибакина од Казахстан поради болест го откажа настапот на турнирот во Истбурн.
Рибакина во првото коло требаше да игра против Ванг Сију од Кина, но се повлече поради „вирус“.
Казахстанската тенисерка претходно поради вирус мораше да го предаде и натпреварот во третото коло на Ролан Гарос.
Рибакина ќе се обиде да се заздрави и што подобро да се подготви за претстојниот грен – слем турнир во Вимблдон на која триумфираше лани