Италијанецот Андреа Гауденци е реизбран на местото претседател на Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП), објави синоќа организацијата.

Гауденци застана на чело на АТП во 2020 година, а неговиот мандат сега е продолжен до 20206.

Под негово водство дојде до зголемување на наградниот фонд во машкиот тенис за 37.5 милиони долари оваа година, што е најголем скок во историјата на тенисот во машка конкуренција.

Гауденци најави дека сака да ја интензивира соработката со седумте управни тела во тенисот, меѓу кои се ВТА, Меѓународната тениска федерација и четирите грен – слем турнири (Австралија, опен, Ју-Ес Опен, Вимблдон и Ролан Гарос).



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2023 13:40