Седумкратната носителка на златен олимписки медал Кети Ледецки победи на државното првенство на САД на 800 метри слободен стил, постигнувајќи трето најдобро време во историјата.

На отворањето на првенството кое се одржува во Индијанаполис, 26-годишната Ледецки ја преплива патеката од 800 метри за 8:07:07 минути, што е нејзино најдобро време од светскиот рекорд што го постави на Олимписките игри во Рио де Женеиро во 2016 година (8:04:79).

Ледецки со постигнатиот резултат во Индијанаполис се пласираше на претстојното Светско првенство во Фукуока, што за американската пливачка ќе биде шесто во нејзината кариера.

„Беше сјајно. Задоволна сум со ова време“, рече Ледецки, која има 19 светски титули, од кои 14 во поединечна конкуренција.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2023 15:28