Данската тенисерка Каролин Вознијацки најави денеска враќање на терените, откако официјално се повлече од тенисот во јануари 2020 година.

„Во текот на изминатите три години надвор од тенисот морав да го надоместам загубеното време со своето семејство, станав мајка и сега имам две прекрасни деца на кои сум им многу благодарна. Меѓутоа, сè уште имам цели кои сакам да ги исполнам“, напиша Вознијацки на својот Инстаграм профил.

„Се враќам да играм и едвај чекам“, порача 32-годишната тенисерка, која во кариерата освои 30 титули, но само еден грен-слем и тоа на Австралија опен во 2018.

Вознијацки во минатото мина 71 недела на чело на ВТА листата пред да се повлече на 29-годишна возраст



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2023 04:00