Швајцарскиот град Лозана синоќа беше домаќин на атлетскиот митинг од Дијамантската лига, кои го одбележаа тркачите на средни и долги патеки.

Во трката на 5.000 метри Бериху Арегави оствари петти најдобар резултат на сите времиња (12:40:45), што му донесе победа над светскиот рекордер Џошуа Чептеги од Уганда, кој патеката ја истрча во време од 12:41:61 минути.

Арегави, воедно, го собори и рекордот на митингот подобрувајќи го досегашниот најдобар резултат за речиси 15 секунди.

Нов рекорд на митингот во Лозана беше поставен и на 1.500 метри благодарение на европскиот рекордер, Норвежанецот Јакоб Ингебригстен (3:28:72 минути).



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2023 17:24