Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски (363. АТП листа) денеска ќе настапи во првото квалификациско коло од Челинџерот 50 што се игра во францускиот град Троа.
Прв противник на Ивановски ќе му биде 25-годишниот Италијанец Џузепе Треска (1.101 АТП), кој на квалификациите настапува со вајлд карта.
Ивановски на квалификацискиот „костур“ е рангиран како носител број 4.
Турнирот се игра за награден фонд од 36.000 евра.