Трката за Големата награда на Австрија во Формула ќе остане во календарот до 2030 година, објавено е денеска на официјалниот сајт на натпреварувањето.
Веста е соопштена непосредно пред денешната трка на патеката „Ред Бул Ринг“ во Шпилберг. Претходниот договор истекуваше во 2027.
Од 1970 до 1987 година, трките во Шпилберг се возеа на патеката „Естерајхринг“, потоа од 1997 до 2003 на патеката „А1 Ринг“, а од 2014 година трката за Големата награда на Австрија се воси на патеката „Ред Бул Ринг“.