Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски не успеа да ја мине првата квалификациска пречка на Челинџер турнирот од серијата 50 во францускиот град Троа, откако попладнево загуби од Италијанецот Џузепе Треска со 2-0 во сетови.

На Треска, рангиран на 1.101 место на АТП листата, за триумф над Ивановски (363. на АТП) му беа потребни 92 минути игра.

Ивановски во првиот сет со брејк поведе со 3-2 во гемови, но уследи серија на Треска за конечни 6-4.

Вториот сет беше одлучен во тај- брејк, кој му припадна на Треска и со тоа го елиминираше Ивановски од Челинџерот во Троа



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2023 04:02