Атлетите од Специјална Олимпијада – Македонија освоија пет медали на светските Специјални Олимписки Игри во Берлин. Со одличје се закитија:

Агрон Хајредини – златен медал, атлетика, категорија Скок во далечина од место

Јулијана Петровска – сребрен медал, атлетика, категорија Скок во далечина од место

Стефан Трпковски – сребрен медал, пливање, категорија 100 метри грбно

Марио Мицковски – бронзен медал, пливање, категорија 100 метри слободен стил

Јане Никодиновски – бронзен медал, бадминтон

На Игрите кои се одржаа од 17 до 25 јуни учествуваа над 7.000 атлети од 190 земји.

-За мене, секој член, претставник од нашата Специјална Олимпијада – Северна Македонија е победник. Заедно покажавме како со посветеност, вложен труд и многу работа резултатите се загарантирани. Освоивме пет медали, но уште поважно – ги освоивме и срцата на присутните во Берлин, а верувам и во Македонија. Навистина се гордееме со сите наши атлети, партнери, помагатели и директни учесници во овие Светски Специјални Олимписки Игри. Честитки и до тренерите кои беа во секој миг до нашите атлети, поддржувајќи ги неуморно, изјави Моника Бошкоска, Претседател на Специјална Олимпијада – Северна Македонија.

На Светските Специјални Олимписки Игри (Special Olympics World Games) македонската делегација ја преставуваа 13 атлети, шест тренери, шест партнери и пет делегати.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2023 15:31