Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на фјучерсот турнирот во летонскиот град Лиепаја во поединечна конкуренција, откако попладнево загуби во второто коло од Франческа Цурми од Малта со 2-1 во сетови (1-6, 6-4, 7-5).

Натпреварот траеше два часа и осум минути.

Ѓорческа настапот на турнирот во Лиепаја го продолжува во двојки заедно со Чагла Бујукакчај од Турција.

По денешната стартна победа, Ѓорческа и Бујукакчај утре во рамки на второто коло ќе играат против првите носителки Џеси Ромпиес од Индонезија и Оливија Тџандрамулиа од Австралија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2023 00:54