Италијанскиот тенисер Матео Беретини му се закани на судијата поради неговото одбивање да го прекине мечот од првото коло на Вимблдон против сонародникот Лоренцо Сонего, пренесува „Tennis-Infinity“. Инцидентот се случил вчера.
Теренот на кој играа тенисерите беше лизгав поради дожд. Во текот на третиот сет Беретини и Сонего неколку пати паднаа, но судијата не ја прекина играта. По уште еден пад, тенисерот го прашал судијата зошто играта не е прекината и покрај условите. Тој додаде дека тоа може да биде трауматично за играчите.
- Ако се повредам, ќе те тужам, договорено? Знам дека сакаш да играме, но ако паѓаме често, тоа е опасно, му рече Беретини на судијата.
Мечот беше прекинат во текот на четвртиот сет при резултат 2:1 за Беретини. Продолжението е закажано за денес.