Раководството на Формула 1 го објави календарот за 2024 година во кој прв пат од почетокот на пандемијата на коронавирусот се враќа трката за Големата награда на Кина.

Календарот за следната сезона содржи 24 трки, колку што беа планирани и за оваа сезона пред откажувањето на Големата награда на Кина и Големата награда на Емилија Ромања.

Сезоната во 2024 ќе почне со трките во Бахреин и Саудиска Арабија, кои ќе се возат во сабота, поради муслиманскиот верски празник Рамазан



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2023 04:25