Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, беше најбрз на денешниот прв тренинг пред трката во Формула 1 за Големата награда на Велика Британија.

Холанѓанецот Ферстапен, кој води во генералниот пласман, на првиот тренинг оствари време од 1:28, 600 минути и за 0.488 секунди беше побрз од клупскиот колега Серхио Перез.

Трето време оствари Алекс Албон во болидот на Вилијамс, а по него следуваа Фернандо Алонсо, Шарл Леклер, Естебан Окон, Карлос Саинц, Ландо Морис, Ленс Строл и Оскар Пјастри.

Главните квалификации се на програмата в сабота, а трката за Големата награда на Велика Британија ќе стартува в недела од 16 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2023 04:15