Македонската таеквондистка Мила Рељиќ го освои бронзениот медал на јубилејното десетто издание на Отвореното првенство на Турција од рангот Г2 кое овој викенд се одржува во Анкара.
Со успешниот настап на Турција Опен 2023, македонската таеквондистка, воедно, освои и нови поени за исполнување на олимписката норма за Игрите идната година во Париз.
Рељиќ во првото коло на турнирот во Анкара беше слободна, а во второто коло беше поуспешна од домашната натпреварувачка Румјеса Мазгал со 2-0 во рунди.
Во борбата за медал Рељиќ ја совлада Иранката Кучаксареи Жавади со 2-1, а во поради повреда на ногата мораше да го предаде дуелот за пласман во финалето против Макајла Гринвуд од САД.