Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски триумфираше попладнево во дуелот од првото коло од квалификациите на Челинџер 100 турнирот што се игра во романскиот град Јаши. Тој беше подобар од Брендон Волкин од Австралија (791. место АТП) со 2-0 во сетови (6-2, 6-2).
Утре во финалното квалификациско коло Ивановски ќе игра со победникот од мечот меѓу Романецот Дан Александру Томеску и Молдавецот Ила Снитари.
До победата Ивановски стигна на идентичен начин со по два брејка вои во двата сета кои ги реши во своја корист со по 6:2 во гемови.