Во организација на клубовите Анималс и Бравадос, викендот во Скопје се одржа дводневниот Јулски коњички турнир и 3. коло од Државното првенство во прекокнување на пречки.

Пласман на најдобри по категории: Е-категорија: 1. место Ина Илиевска со грлото Балтазар од КК.Бравадос и Ева Димитриевска со грлото Киви од КК.АБравадос 2. место Ина Илиевска со грлото Куакс од КК.Бравадос и Ева Димитриевска со грлото Ерос од КК.Бравадос 3. место Кристина Антовска со грлото Дон Октавијан од КК.Анималс и Сандра Маслинко со грлото Еландо од КК.Анималс

А-категорија: 1. место освои Петар Милошевски со грлото Надја од КК.Бравадос 2. место Леонида Гроздановска со грлото Џилдан од КК.Анималс 3. место Леонида Гроздановска со грлото Валентино од КК.Анималс

Категорија А**: 1. место Леонида Гроздановска со грлото Кардино од КК.Анималс

Државно првенство: На програмата беа пет натпревари во класи А,Б,Ц,Д и Е со височина на пречките од 0,70 до 1,20м./ширина до 1.40

Класа Е: 1. место Ева Димитриевска со грлото Ерос од КК.Бравадос 2. место Кристина Антовска со грлото Дон Октавијан од КК.Анималс

Класа Д: 1. место Марта димитриевиќ со грлото Калатус од ККС.Илинден 2. место Матеа Димовска со грлото Нур од ККАнималс 3. место Сандра Маслинко со грлото Еландо КК.Анималс

Класа Ц: 1. место Љупка Аврамовиќ со грлото Колпо Гросо од КК.Бравадос 2.место Леонида Гроздановска со грлотоВаентино од КК.Анималс 3.место Петар Милошевски со грлот Колдплеј од КК.Бравадос

Класа Б: 1. место Петар Милошевски со грлото Надја од КК.Бравадос 2. место Сиља Дуковска со грлото Ехо од ККС.Илинден 3. место Леонида Гроздановска со грлотоЏилдан од КК.Анималс

Класа А: 1. место Леонида Гроздановска со грлото Кардино-14 од КК.Анималс 2. место Сиља Дуковска со грлото Ехо од ККС.Илинден 3.место Петар Милошевски со грлото Надја од КК.Бравадос.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2023 11:28