Се радувам на својот следен дуел и се надевам дека ќе го прикажам најдоброто од себе, порача попладнево рускиот тенисер Данил Медведев, откако прв пат во кариерата избори пласман во четвртфиналето на грен-слем турнирот во Вимблдон.

Третиот светски рекет избори место меѓу осумте најдобри тенисери во Вимблдон откако Чехот Јиржи Лехечка го предаде осминафиналниот дуел при водство на Медведев од 2-0 во сетови (6-4, 6-2).

Противник на Медведев во четвртфиналето ќе биде победникот од дуелот меѓу Гркот Стефанос Циципас и Американецот Кристофер Еубанкс.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2023 04:25