Американската тенисерка Венус Вилијамс ќе игра на ВТА 1000 турнирот во Монтреал.

Четириесет и тригодишната тенисерка доби специјална покана (вајлд-карта) за настап во канадскиот град.

Вилијамс по 12-ти пат ќе учествува на турнирот во Монтреал. Нејзиниот најдобар резултат е постигнат во 2014 година кога ја победи својата сестра Серена за да стигне до финалето во Монтреал каде што загуби од Агњешка Радвањска.

Турнирот ќе се одржи од 4 до 13 август.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2023 19:04