Продуцентката и тиктокерка од Њујорк, САД, Луси Финк ги почести следачите со видео од својата ќерка која е убедена дека Новак Ѓоковиќ е, всушност, татко ѝ. Впрочем, кога малото дете го гледа српскиот тенисер на ТВ, мисли дека татко ѝ е на тениското игралиште.
- Мојот сопруг многу личи на Новак Ѓоковиќ. Луѓето постојано го запираат... И погледнете што ќе се случи сега, вели тиктокерката во ова свое видео.
Малото девојчe миг подоцна покажува со прстот кон телевизорот и вели: - Тато!
- Каде е?, прашува мајката. - Еве го!, одговара малото девојче со прстот кон телевизорот.