Младата 16-годишна тенисерка на „Југ“, Теона Андова е новата македонска шампионка, откако во денешното женско финале на Државното првенство во поединечна конкуренција ја победи Ива Данева со 2-1 во сетови (4-6, 6-4, 7-5).
До шампионската титула Андова стигна откако во полуфиналето и финалето ги победи македонските тениски репрезентативки, Александра Симева и Ива Данева.
Во полуфиналето Андова беше поуспешна од бранителката на титулата Симева со 2-1 (2-6, 6-1, 6-4), додека во воведното коло триумфираше над Благица Голубова со 2-0 во сетови (6-1, 6-2).
За Ива Данева ова беше трето финале во серија (2021, 2022 и 2023) и остана со шампионската титула од 2021 година.
Во машкото финале утре ќе играат Димитар Грабул и Шендрит Деари.