Чешката тенисерка Маркета Вондрушова триумфираше на годинешното издание на грен – слем турнирот во Вимблдон, совладувајќи ја во денешното финале Тунижанката Онс Жабер со 6-4, 6-4.

За 24-годишната Вондрушова ова е прва грен – слем титула во кариерата.

Претходно играше едно грен – слем финале, пред четири години на Ролан Гарос во Париз.

Жабер, пак, го загуби своето второ финале во серија во Вимблдон, а остана и трет пат на чекор до својата премиерна грен – слем титула.

Тунижанката претходно претрпе два порази во финалињата на Вимблдон, а беше поразена и во финалето на Ју Ес Опен 2022.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2023 04:46