Хигиената на крпите и постелнината е битна, особено налето. Затоа, стручњаците советуваат дека тие два вида ткаенина не треба се перат заедно.

Разлика има, пред сѐ, во тежината, бидејќи чаршафите се тенки и меки, додека крпите се дебели и погруби, па бараат различни циклуси на перење и сушење, а дебелиот и тежок материјал може да доведе до оштетување и кинење на потенкото платно. Исто така, некои сунѓери може да остават прилично многу влакна на постелнината.

Натаму, според „Фолд“ (The ​​Folde), постелнината и полесните ткаенини се сушат побрзо од крпите, што значи дека чаршафите може да завршат исушени, а крпите - повлажни, па на нив да се појави мувла.

Дополнително, се советува да не се става валкана постелнина во корпата со други алишта, туку веднаш да ја ставите во машината за перење, за да не се насоберат повеќе бактерии.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2023 13:00