Новиот летен хит - салата од лубеница, краставица, кромид и „фета“ сирење е идеален за освежување во текот на топлите месеци.

За овој рецепт потребни се: 50 милилитри маслиново масло, две лажички вински оцет, половина кафена лажичка сол, 400 грама лубеница, 150 гр. свежа краставица, половина глава црвен кромид, грст нане и 150 гр. од исечкано „фета“ сирење.

Подготовка: Лубеницата се чисти од семките и се сече на помали парчиња. Кромидот, исто така, се чисти, лупи и се ситни. И краставицата - излупена, се сечка на коцки. Некои тоа го претпочитаат во издлабената кора од лубеницата.

Во друг сад, се мешаат маслиново масло, оцет и сол. Се мешаат сите состојки освен нането во претходниот сад. Салатата се чува во фрижидер, а пред сервирање се посипува со нането.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2023 13:47