Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) одлучи во Лондон да не се одржуваат квалификациски турнири за Олимписките игри 2024 година во Париз објави „Inside the Games“.

Ова се должи на ставот на властите во Велика Британија за руските спортисти. Претходно, владата на земјата одлучи на руските и белоруските спортисти да им биде дозволено да се натпреваруваат само откако ќе потпишат декларација за неутралност.

- Крајно сме разочарани што не сме во позиција да бидеме домаќини на олимписките квалификации како што се надевавме. Ова е особено фрустрирачко за британските спортисти, кои се лишени од бенефитот да добиваат поддршка од своите навивачи, рече портпаролот на Британскиот олимписки комитет.

Лондон требаше да биде домаќин на квалификациите за Олимпијадата 2024 во брејк, скејтборд, спортско качување и „BMX“ слободен стил.

Во март 2023 година, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) препорача спортските федерации да им дозволат на руските и белоруските спортисти да учествуваат на турнирите под неутрален статус.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2023 14:08