Пилотот Ред Бул Макс Верстапен ги процени шансите на тимот да ги освои сите Гран при оваа сезона.

Верстапен истакна дека рекордите не му се цел, туку сака само да победува.

- Ќе биде многу тешко да се остане непоразен цела сезона. Но, јас секогаш верувам во себе. Ми се чини дека ова е важно, дека ова е генерално најважното нешто. Верувам во нашиот болид, верувам во тимот, во сите момци кои работат во него. Живеам во сегашноста и се трудам да го постигнам најдоброто што можам. Ми се допаѓа да бидам напред. Сакам да водам, да бидам пред сите, најмногу уживам во ова. Се е до тоа што сакате да постигнете. Затоа го сакам овој спорт. Се разбира, сакам да се тркам до крај, но сакам и да победувам, изјави Верстапен.

Холанѓанецот додава дека освен во возење Формула ужива и во други работи во животот.

- Секако, во Формула 1 секогаш ќе го давам најдоброто од себе. Но, во исто време разбирам дека Формула 1 не е сè, и дека има уште многу интересни работи во животот. Така, кога ќе ја завршам кариерата во Ф1, сакам да правам други работи што ми се допаѓаат, рече Верстапен.

Макс Верстапен има осум победи на досегашните десет трки во формула 1 за сезоната 2023 и шест последователни.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2023 23:54