Иновативните луѓе во Кина смислиле еден, според многумина - доста чуден начин на заштита од екстремните горештини лете. Се работи за маската „Фејскини“ којашто доста потсеќа на „фантомка“ и која според сѐ, станува битен дел од летната мода на Далечниот Исток.

Оваа маска е измислена 2004 година од Жанг Шифан, поранешнa сметководителка од крајбрежниот кинески град Кингдао. Изработена е од еластична ткаенина што главно се користи за изработка на костими за капење и нуркање.

Во 2019 година, Шифан претстави нови модели коишто го покриваат целото тело, а не само лицето и вратот. Во последно време е зголемена продажбата, воопшто - на производи за заштита од сонце, како капи, очила за сонце.

„Фејскини“ чини два до четири долари, додека посебните модели (оние со натписи, уметнички цртежи и слично) чинат 16 до 24 долари



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2023 10:53