Ватерполо репрезентацијата на Шпанија е последниот патник во полуфиналето на Светското првенство кое се одржува во јапонскиот град Фукуока, откако денеска во четвртфиналето беше поуспешна од Франција со 7-6.

Противник на Шпанија во полуфиналето в четврток ќе биде Унгарија која обезбеди пласман меѓу четирите најдобри репрезентации со триумф над САД од 13-12.

Во второто полуфинале кое, исто така, е на програмата в четврток ќе играат Србија и Грција.

Србија претходно денеска на пенали ја совлада Италија, додека Грција беше поуспешна од Црна Гора.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2023 04:29